Свадбата на Џеф Безос, основачот на „Амазон“, и неговата вереница, новинарката Лорен Санчез, би можела да биде еден од најгламурозните настани во годината.

Сега ТМЗ откри делумна листа на гости која, судејќи според имињата на неа, е крајно гламурозна. Поканети беа само најпознатите од светот на (шоу)бизнисот, меѓу кои Ева Лонгорија, Кејти Пери, Орландо Блум, Опра Винфри, Гејл Кинг, Крис Џенер, Ким Кардашијан и други.

Изворот на ТМЗ откри дека на листата се и Иванка Трамп и Џаред Кушнер, како и Карли Клос и нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер. Меѓу среќните гости се Бери Дилер и Дајан фон Фурстенберг, филмскиот продуцент Брајан Грејзер и манекенките Брукс Надер и Камила Мороне.

Двојката официјално ја потврди врската во јануари 2019 година, набргу откако Безос објави дека се разведува од сопругата Мекензи Скот, со која има четири деца.

Текстот На списокот на гости на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез има само познати имиња е превземен од МАКФАКС.