На Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија денеска првпат биле изведени три интервенции на Радиофреквентна аблација кај пациенти кои страдаат од Баретов езофагус. Ова заболување се карактеризира со измена на нормалната лигавица во долната третина на хранопроводот која доколку соодветно не се третира може во одреден процент да доведе до карцином на хранопровод.

Постапката се изведува во амбулантски услови од страна на гастроентеролог, а пациентот е под анестезија. Интервенциите денес ги направи светски познатиот гастроентерохепатолог д-р Иво Бошкоски, кој е по потекло од нашата држава, а работи на Католичкиот универзитет, во чии рамки функционира поликлиниката „Агостино Џемели“ во Рим, во соработка со лекари од Клиниката за гастроентерохепатологија.

Со Радиофреквентна аблација, која е ендоскопска техника, променетото ткиво се изложува на топлинска енергија со што се уништува променетото ткиво.

Проф. д-р Калина Гривчева Старделова, директор на Клиниката за гастроентерохепатологија објасни дека воведувањето на новата метода носи големи придобивки за пациентите, како и заштеда за јавното здравство.

Од денес почнавме да работиме нов метод, кој не се работи во регионот. Значи сега имаме потенцијал да станеме регионален центар. Пациентите беа наши селектирани амбулантски случаи кои лежеле на Клиниката, рече д-р Гривчева Старделова.

Директорката на Клиниката објасни дека целата интервенција е на товар на ФЗОМ.

Ние аплициравме, добивме официјална цена која ФЗОМ би ни ја исплатил и лекувањето е на товар на Фондот, изјави проф. д-р Гривчева Старделова.

Д-р Бошковски е истакнат гастроентерохепатолог кој живее и работи во Италија и со чија асистенција беа направени првите интервенции.

Станува збор за предканцерозна болест која што доколку не е третирана адекватно, настанува канцер. Нема голема инциденца, но пресреќен сум дека денеска во Македонија благодарение на проф. Старделова и на целиот тим почнаа со ваков тип на интеревенции. Самата патологија е доста деликатна, алтернатива е хирургија, тука ние со 10 минути интеревнеција, со радиофрекфентна аблација на храноповроводот извршена е тотална ерадикација на Баретов езофагус, т. е промена на слузницата на хранопроводот во метапластична, потоа во дисплазија итн. Тоа е ретка патологија ама е доста, доста деликатна, рече д-р Бошковски.

Д-р Владимир Андреевски и д-р Урим Исахи ја направиле интервенцијата заедно.

Ја само опсервација правев, сè беше совршено. Технологијата е најмодерна, букавлно истиот апарат го имаме во болницата Џемили во Рим, додаде д-р Бошковски.

Д-р Андреевски рече дека во минатото имале дваесетина случаи за две-три години.

Бројките растат, досега сме биле во ситуација, не е тоа преголема бројка на пациенти, да ги упатиме на лекување во странство. Сега може да се лекуваат во Македонија и тоа значи директна заштеда на Фондот и на Клиника за гастроентерохепатологија, рече д-р Андреевски.

Директорката проф. д-р Гривчева Старделова информираше дека имало двајца пациенти кои се лекувале во странство, во Џемили, Италија.

Фондот за здравство едниот пациент го чинеше 15 илјади евра, нему му беше потребна една сеанса, а кај вториот пациент имаше потреба од две сеанси и ФЗОМ тоа го чинеше 30 илјади евра.  Денес имаме тројца пациенти значи апаратот веќе ни е исплатен со тоа што не сме ги испратиле во странство на лекување, изјави д-р Гривчева Старделова.

Д-р Андреевски објасни дека иако ова заболување можеби не е е фрекфентно, но не е за потценување.

Навистина се рабори за ретка, но сериозна состојба, која на овој начин можеме успешно да ја лекуваме. Обично е поврзано и во нејголем дел од случаите се должи на рефлуксната болест, рече д-р Андреевски.

Баретов хранопровод настанува како компликација од долготрајна повторувачка гастроезофагеалена рефлуксна болест, односно оштетата на хранопроводот предизвикана од враќање на киселината од желудникот во хранопроводот. Со цел унапредување на третманот на оваа состојба на Клиниката за гастроентерохепатологија се воведува и уште една метода за мерење на pH во хранопроводот и неговото движење со што може да се обезбедат точни информации за присуство на рефлуксната болест.

Континуираната 24-часовна pH-метрија е стандарден метод во гастроентерологијата кој овозможува директно и квантитативно мониторирање на киселинскиот рефлукс и дава показатели за одредување на соодветниот начин на третман.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.