Украинската амбасада во Северна Македонија преку својата сметка на социјалната мреж Х објави честитка до сите Украинци по повод Денот на Државното Знаме на Украина.
На 23 август 2024 година, по повод Денот на Државното Знаме на Украина, Амбасадата на Украина во Северна Македонија одржа свечена церемонија на подигнување на Државното знаме – симбол на нескршливоста на украинската нација. Амбасадата на сите Украинци им го честита празникот!
На 23 август 2024 година, по повод Денот на Државното Знаме на Украина, Амбасадата на Украина во Северна Македонија одржа свечена церемонија на подигнување на Државното знаме – симбол на нескршливоста на украинската нација.
Амбасадата на сите Украинци им го честита празникот! pic.twitter.com/nEwlfctElf— UKR Embassy in MKD (@UKRinMKD) August 23, 2024
Во петок, 23 август, Украина го слави Денот на националното знаме. Празникот е воспоставен „во чест на вековната историја на украинската државност, државните симболи на независна Украина и со цел да се поттикне почитувањето на државните симболи на Украина“ со претседателскиот декрет од 23 август 2004 година. Во 2009 година, Указот беше изменет за да се воспостави годишна официјална церемонија на подигнување на знамето низ Украина на 23 август.
Драган Мишев