реклама
На денешен ден е роден македонскиот популарен пејач Тоше Проески.
Денеска тој би наполнил 43 години, но за жал животот трагично го заврши на само 26 години.
реклама
Музичката кариера ја започна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победи изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси.
Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).
реклама
Имаше блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.
Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.
реклама
Во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите“.
Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска, а посмртно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.
реклама