Тим астрофизичари од Германија откриле атоми на кислород на сончевата страна на атмосферата на Венера.
Во тој проект, чии резултати се објавени во Nature Communications, групата ги проучувала податоците собрани од телескопот SOFIA (Stratospheric Observatory for Infrared Astronomy) за да се дознае повеќе за елементите и молекулите во атмосферата на Венера, пишува Phys. org.
Научниците долго време веруваа дека атомската форма на кислород постои и на сончевата и на темната страна на Венера. Додека во атмосферата на планетата се измерени високи концентрации на јаглерод моноксид и јаглерод диоксид, откривањето докази за постоење на елементарен кислород беше многу потешко бидејќи има тенденција да се врзува за други елементи.
Претходните истражувања покажале постоење на атоми на кислород на темната страна на Венера, но досега тоа не било забележано на страната која секогаш е свртена кон Сонцето.
Овој пат, тимот на научници се концентрирале на 17 точки од атмосферата скриени во куп податоци од телескопот. Откриле атоми на кислород во сите 17 точки.
Научниците веруваат дека кислородот се создава кога сончевото зрачење ги разложува молекулите на јаглерод моноксид и јаглерод диоксид. Тие веруваат дека потоа одат на темната страна поради силните ветрови во атмосферата на Венера. Таму тие веројатно се комбинираат во молекули на кислород и реагираат со други елементи.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.