Празнична атмосфера низ целиот регион. Муслиманските верници го слават големиот празник Бајрам со желби за мир, добрина, единство, разбирање и меѓуверска толеранција. Во сите џамии во утринските часови се клањаше бајрамска молитва. Во Албанија, главната церемонија се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Тиранаi
„Апелирам до младите, не ја напуштајте нашата земја. Спротивставете се пред секоја тешкотија, на родителите им требате, на општеството, на Албанија. Останете на своето место“, рече Бујар Спахиу, претседател на Муслиманската заедница на Албанија.
Во Косово централната манифестација се одржа во големата џамија во Приштина.
„Колку повеќе структурата на семејството е здрава, добра, свесна и посветена, толку повеќе ќе имаме хомогено, интегрирано и солидарно општество, општество кое меѓусебно се надополнува. Повикувам да бидеме многу внимателни за иднината на нашите деца, нашето семејство. Симптомите на слабеење на семејното стебло се веќе пред нас“, изјави Наим Трнава, муфтија на Косово.
На овој празник денеска за прв пат по 102 години беше отворена Јени џамијата или новата џамија во Солун, Грција- историскиот споменик, кој се користи како изложбен простор за уметничка галерија./Алсат.мк
Ајнур Бафќари