Една од најлошите работи кои можат да му се случат на некој/а е канцерот (рак), кој за жал кај нашата битолчанка Андријана Митревска се враќа по трети пат.
Во 2016 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка и имаше 2 операции заедно со осум циклуси на хемотерапија.
Во 2018 г. рак на дојка повторно плус рак на јајниците, третиран со шест рунди на хемотерапија.
Сè беше добро до неодамнешниот преглед. Нејзината нова дијагноза е Dg. Ca mammae bill. cum MS ovarii bill; TU retroperitoneii.
Сега ѝ е потребна нашата помош за да продолжи со лекувањето кое чини 1.000 евра месечно, за таблети кои ги нема во Македонија и кои мора да се нарачаат од Турција. Како што започна нејзината борба во 2016 година, семејството е изложено на високи трошоци како што се операции, многу циклуси на хемотерапија, патувања Скопје-Битола и затоа не може да ги купи потребните лекови. Но, тука не завршува нивната голгота бидејќи и нејзиниот татко се соочува со истата болест што ситуацијата ја прави уште потешка. Ани, нејзините родители и сите нејзини пријатели Ве замолуваат да донирате колку што можете повеќе за да може што поскоро да започне со лекување.
За онлајн донации донирајте ТУКА
За донации на трансакциска с-ка тука
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.