Заштитата при сончање, меѓу другото, го намалува ризикот од изгореници, но и опасноста од рак на кожата, како и влијанието на Сонцето врз стареењето.
Д-р Стефани Ои, општ лекар во клиниката „Мајхелткер“ во Лондон, тврди дека повеќето луѓе не се свесни за соодветните мерки на претпазливост за заштита на кожата од оштетување при сончањето. Тоа вклучува и недоволно нанесување крема за сончање, некористење заштитен фактор 50 – за оние најчувствителните… Следат уште неколку од најчестите грешки.
Нанесување на кремата предоцна
Многумина чекаат да дојдат на плажа или прво да легнат на лежалката па да нанесат крема за сончање. Ои предупредува дека дотогаш веќе е предоцна.
– Кремата за сончање треба да се нанесе најмалку 30 минути пред излегување на Сонце. Покрај тоа, поради пливањето, но и потењето, кремата треба да се нанесува на секои два часа, појасни таа.
Крем за сончање со истечен рок
Повеќето производи за сончање имаат рок на траење од 12 месеци. Користењето застарена крема за сончање е понеделотворно во заштитата на кожата од штетните УВ-зраци, а последиците може да бидат многу лоши.
Телото произведува витамин Д од сончевата светлина на кожата – што помага да се одржат коските и мускулите здрави и многу повеќе од тоа. Ои советува дека секогаш може да се зема повеќе од овој витамин.
Што повеќе, толку подобро!
Постојаното нанесување на кремата е клучно за заштита од Сонцето.
– Повеќето од нас не ставаат доволно крема за сончање. За правилно да го заштитите лицето, треба да нанесете крема за сончање на два прста, додека на Вашето тело му треба дури и цела чаша. Ако користите шише со спреј, треба да го вклучите или прскате неколку пати на секој дел од телото за да се обезбеди соодветна заштита, вели таа.
Д-р Ои смета дека нема посебни правила за децата.
– Кремата треба да се нанесува обилно на телото – што повеќе – толку подобро! А, исто така, бебињата помали од шест месеци треба целосно да се заштитат од Сонцето, нагласи докторката.
Кремата не е „блок“
Кремата за сончање делува како филтер, а не како „блок“ – што значи дека кожата сѐ уште може да се оштети. Најдобра заштита е целосно да се држите подалеку од Сонцето во часовите кога тоа е најсилно – меѓу 11 и 15 часот.
– Не е секогаш можно да се држите подалеку од Сонцето, затоа не заборавајте да побарате сенка, носете шапка со распон и покријте се со широка облека што „дише“. Запомнете – нема здраво потемнување, истакна таа.
Но, сончањето е она што прави кожата да ги заштити своите клетки од штетните зраци, создавајќи пигмент како „блок“.