Јорданската кралица Ранија Ал-Абдула на својот Инстаграм профил објави фотографија со својата внука Иман.
Насмеана позирала со девојчето за кое се грижела додека била на официјален состанок. „Првиот зум состанок на бебето Иман“, напиша Ранија на фотографијата.
Иман е ќерка на принцот Хусеин и принцезата Раџва и прва внука на кралот Абдула Втори и кралицата Ранија. Девојчето носи истото име како нејзината тетка, ќерката на кралот и кралицата на Јордан, принцезата Иман.
Да потсетиме, Ранија пораснала во Кувајт, а сопругот го запознала случајно, на вечера во 1993 година. Тие се венчаа истата година, со што Ранија стана јорданска принцеза. Таа стана кралица во 1999 година, кога Абдула ја презеде улогата на крал. Заедно имаат четири деца.
Штом стана принцеза, светските медиуми пишуваа за нејзината убавина, а подоцна ја нарекоа „најубавата кралица на светот“. Покрај убавината и префинетиот моден вкус, Ранија е позната и по својот интелект и како голем борец за правата на жените на Блискиот Исток. На Инстаграм ја следат повеќе од 10 милиони луѓе.
Текстот „Најубавата кралица на светот“ објави фотографија со внуката: „Првиот зум состанок на бебето“ е превземен од МАКФАКС.