Пејачката Дуа Липа ги воодушеви фановите со нови објави на социјалните мрежи. Таа неодамна отиде на одмор во Тексас, каде што уживаше да поминува време со пријателите и семејството.
Во објавата таа сподели неколку фотографии со натпис: „Поминаа одлични неколку недели, но домот е таму каде што е срцето“.
Дуа сподели и моменти од вечерата со пријателите, каде што облече бел мини фустан со жолти детали и воодушеви милиони фанови со својот моден избор. „Ти си совршена“, „Најубавата жена на светот“, „Изгледаш неверојатно“, се само дел од коментарите.
Текстот „Најубавата жена на светот“: Дуа Липа сподели фотографии од одмор е превземен од МАКФАКС.