Пејачката Дуа Липа (29) веќе извесно време го обиколува светот во рамките на нејзината турнеја „Radical Optimism“, но и покрај напорниот распоред успева да одвои време за релаксација.

Таа во неделата објави серија фотографии од Нов Зеланд на социјалните мрежи, со што ги воодушеви следбениците со нејзиниот смел моден избор.

View this post on Instagram

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

За ноќно излегување со пријателите, Дуа избра импресивна црна облека која ја истакна нејзината витка линија. Таа носеше црн топ со бели риги и тесно здолниште во ист дезен, а во преден план беше нејзината тенка половина и тетоважите на рацете.

Обожавателите ја опсипуваа со пофалби: „Мојата кралица“, „Ти си преубава“, „Девојката од моите соништа“, „Најдобрата пејачка“, беа коментарите.

Текстот Најсексапилната бринета ги покажа совршените стомачни мускули: Дуа Липа сподели фотографии од ноќното излегување е превземен од МАКФАКС.