Здравјето на папата Франциско се подобрува, со забележителни подобрувања во неговите моторни, респираторни и гласовни функции, соопшти прес-службата на Ватикан.
Папата, кој ја напушти римската болница Гемели на 23 март, каде што се лекуваше од пневмонија, наводно ги продолжува своите работни активности и средби со претставници на Светата столица, а подготвил и напишал медитации кои ќе бидат прочитани за време на богослужбата на Велики петок во пресрет на Велигден.
Прес-службата објави и дека папата сега поретко прима кислородна терапија, која во моментов е сè поограничена, додека тој продолжува со физиотерапијата, пренесува „Ватикан Њуз“.
Објавен е и планот за прослави и миси за време на Страсната недела, но се уште не се знае дали на нив ќе присуствува и поглаварот на Римокатоличката црква.
Папата Франциско периодот од 14 февруари до 23 март го помина во болница, во кој се лекуваше од билатерална пневмонија.
Текстот Најнови информации за здравјето на папата Франциско: Ватикан се огласи во пресрет на Велигден е превземен од МАКФАКС.