Најмалку 236 Палестинци загинаа за време на израелската акција за спасување на 4 заложници

Бројот на загинати во израелскиот напад на бегалскиот камп Нусејрат се искачи на 236 Палестинци, соопштија во неделата здравствените власти во Газа, пренесе Вашингтон Пост. Во вчерашниот напад на Израел, еден од најкрвавите во војната, во централниот камп во Газа беа ослободени четворица заложници. Визуелните слики од Газа покажаа патишта преполни со урнатини и тешко ранети Палестинци, некои без екстремитети.

Израелската војска во саботата започна една од најкрвавите напади во војната, убивајќи повеќе од 200 Палестинци во операција за спасување на четворица заложници од централниот дел на Појасот Газа.

Израелските сили ги извлекоа живите заложници од две згради во Нусејрат, осиромашен бегалски камп. Но, жестокиот напад среде бел ден, остави незамислив пустош по него.

Д. Т.