Најмалку 20 лица беа убиени денес во инцидент во Кан Јунис на југот од Појасот Газа, објави Хуманитарната фондација за Газа (GHF) поддржана од САД.
Фондацијата, која користи приватни американски компании за обезбедување и логистика за испорака на хуманитарна помош во Газа, додаде дека 19 жртви биле згазени од толпата, додека едно лице било избодено со нож за време на „хаотичното и опасно стампедо“. Тврди дека стампедото било предизвикано од вооружени поттикнувачи.
„Имаме веродостојни причини да веруваме дека елементи во толпата – вооружени и поврзани со Хамас – намерно ги поттикнале немирите“, се вели во соопштението на GHF. Хамас не коментираше веднаш за ситуацијата.
Канцеларијата за човекови права на ОН наведува дека во текот на изминатите шест недели, најмалку 875 смртни случаи се документирани во близина на контролните пунктови и конвои на хуманитарната помош во Газа, од кои повеќето се случиле во близина на точките за дистрибуција на GHF.
Текстот Најмалку 20 луѓе загинаа во стамбедо во Газа, фондација тврди дека било поттикнато од Хамас е превземен од МАКФАКС.