реклама

Според веб-страницата „Светот на статистиката“, Пакистан е прогласен за најевтина земја за живеење.

За да провери дали навистина е така, Џош Ларкин од каналот „The Burnt Chip“ на YouTube отпатува до неговиот најголем град, главното пристаниште и финансискиот центар – Карачи.

реклама

Во Карачи заменил една британска фунта или околу 1,2 евра за 400 пакистански рупии и се обидел да дознае што може да купи со тоа за еден ден. Своите искуства ги снимил со камера и видеото го објавил на Јутјуб каде досега го погледнале повеќе од 2,5 милиони луѓе, пишува punkufer.hr.

Џош Ларкин на почетокот на денот се освежи со традиционалниот пакистански пијалок дудта – кој се прави од млеко, шеќер, мраз и сода, на улица за само 30 рупии.

реклама

За ручек јадел бирјани – зачинето јадење направено од ориз, компири и пилешко – и пиел пепси за само околу 30 центи, а за вечера уживал во ражничи од морска храна за кои потрошил приближно исто толку.

Во Карачи се обидел да јава камила, возел тук-тук и гледал отровна змија како танцува на звукот на флејти. Тој платил само три центи за автобуска карта.

реклама

Шетајќи низ Карачи, открил дека изнајмувањето стан во тој град чини околу 50 британски фунти или 60 евра, што е најмалку пет до десет пати поевтино отколку во повеќето европски градови.

Што видел, доживеал и пробал Још Ларкин во Карачи за нешто повеќе од едно евро во најевтината земја за живеење, погледнете во неговото видео подолу.

реклама