Во затворот во Скопје, вчера околу 11:00 часот е извршен претрес во просторија каде што биле сместени осудените лица П.К., М.А. и М.О., соопштија од СВР Скопје. При претресот на прозорецот биле пронајдени бела прашкаста материја, марихуана, како и лажица и шише со течност.

Од полицијата истакнаа дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на потеклото на пронајдените супстанции. Претресот е дел од редовните контроли во затворските установи со цел спречување на внес и употреба на забранети материи.

Случајот е пријавен во СВР Скопје, а истрагата продолжува под надзор на надлежното јавно обвинителство.

Текстот Најдена дрога во затворот „Шутка“ при претрес на ќелија со тројца затвореници е превземен од МАКФАКС.