„Неверојатно ретко“ парче од Марс, најголемо досега пронајдено на Земјата, е продадено за 4,3 милиони долари на аукција во Њујорк. Метеоритот, познат како NWA 16788, тежи 24,5 килограми и е долг 38,1 сантиметар, според Sotheby’.

Откриен е во оддалечен регион на Нигер во ноември 2023 година и е 70% поголем од следното најголемо парче од Марс пронајдено досега. Аукциската куќа Sotheby’s го опиша метеоритот, црвено-кафеава карпа, како „невероятно редок“. Само околу 400 марсовски метеорити се пронајдени на Земјата.

„Ова е најголемото парче од Марс на планетата Земја. Шансите ова да стигне тука оттаму се астрономски мали. Имајте на ум дека околу 70% од површината на Земјата е покриена со вода. Затоа имаме неверојатна среќа што ова слета на суво, а не во средината на океанот“, рече Касандра Хатон, потпретседател за наука и природна историја во Сотби.

Останува нејасно каде ќе заврши метеоритот, бидејќи информациите за купувачот ќе останат приватни. Дополнителните даноци и такси ја доведоа вкупната цена на каменот на околу 5,3 милиони долари, соопшти Sotheby’s.

Текстот Најголемото парче од Марс пронајдено на Земјата продадено на аукција е превземен од МАКФАКС.