Врховниот суд на Хонг Конг денеска потврди три претходни пресуди што фаворизираат доделување јавни станови и права на наследство на истополовите брачни парови повикувајќи се на одредби за уставна еднаквост.

Едногласната одлука на конечниот Апелациски суд во Хонг Конг е најновата правна победа за ЛГБТК+ заедницата во градот од 2023 година.

Судиите Ендрју Чеунг, Роберт Рибеиро, Џозеф Фок, Џонсон Лам и Френк Сток во писмената одлука рекоа дека ги отфрлаат аргументите на владата дека истополовите и хетеросексуалните парови „не се споредливи во нивните права на јавни станови“, пренесува „Ројтерс“.

Текстот Највисокиот суд во Хонг Конг ги поддржува правата за домување за хомосексуалните парови е превземен од МАКФАКС.