Францускиот милијардер Бернар Арно во заеднички проект со компанијата Ред Бул се согласи да го купи фудбалскиот клуб Париз, кој во иднина би можел да ја промени фудбалската мапа на оваа земја и Европа.
Париз моментално е лидер во Лига 2 и единствена цел му е да влезе во елитните редови на францускиот фудбал.
Помалку познатиот клуб од „градот на светлината“ почна да се издигнува откако во него инвестираше Кралството Бахреин.
Но, сега купувањето на клубот наводно го договориле Арно и Ред Бул, компанија која веќе го промени односот на силите во Европа со фудбалските проекти од Салцбург и Лајпциг.
Интересно, веста за преземањето на Париз доаѓа неколку дена откако Ред Бул го назначи Јирген Клоп за директор за фудбалски операции.
Како што пренесува „Лекип“, актуелниот сопственик Пјер Фераси (72) се согласил да го продаде мнозинскиот пакет акции во клубот, но ќе задржи 30 отсто од акциите до 2027 година, по што целосно ќе се пензионира.
Арно ќе има 55 % од акциите и ќе биде мнозински сопственик на клубот, додека Ред Бул откупува 15% од акциите, додека не го откупи остатокот од акциите на Фераси до 2027 година.
Арно е најбогатиот Европеец чие богатство се проценува на 191 милијарда долари. Сопственик е на мултинационалната компанија Moët Hennessy Louis Vuitton (LVMH).
Договорот може да биде од големо значење за францускиот фудбал бидејќи може да ја загрози долгогодишната доминација на Пари Сен Жермен, што ќе му даде моќен градски ривал, особено во годините кога вредноста на медиумските права на Лига 1 е значително намалена.
Инаку, ФК Париз е основан пред 55 години (1969), а следната година со Стад Сен Жермен го формира Пари Сен Жермен.
Но, веќе во 1972 година се одвои од ПСЖ и остана во сегашната форма, без значителни резултати.
Тренер на Париз е Стефан Жил, а клубот игра на стадионот „Себастиен Шерлети“, изграден во 1939 година, со капацитет од 20.000 седишта.
Текстот Најбогатиот Европеец и Ред Бул ќе го купат ФК Париз е превземен од МАКФАКС.