Долга изложеност на сонце или на екстремно високи температури може да предизвикаат прегреаност на телото и да доведат до сончаница. Топлотната истоштеност е состојба предизвикана од топлина слично како топлотен осип, топлотни грчеви или топлотен удар. Иако е полесно од топлотниот удар, доколку не се лекува може да доведе до сериозни проблеми.
Вообичаено првиот сигнал за сончаница е главоболка. Топло ви е, вашето лице е вцрвенето, многу се потите, потешко се движите, и можно е да чувствувате умор, гадење и нагон за повраќање. Можно е да почувствувате и вртоглавица и несвестица.Додека симптомите не се подобрат, треба да се мирува.Кога надвор е екстремно топло, телото апсорбира повеќе топлина одошто може да испушти. Телесната температура може да порасне до 41 степени Целзиусови за 10 до 15 минути. Ова акутно прегревање може да предизвика антивоспалителна реакција низ целото тело.
Регулаторниот топлински систем на телото крахира и потењето престанува. Потењето е начинот преку кој телото се лади, и без него температурата на телото почнува да расте.
Топлотниот удар е животно загрозувачки. Симптомите се нарушена свесност, главоболка, вртоглавица и гадење, повраќање, диареа и низок крвен притисок. Топлотните удари се развиваат во рок од еден од шест часа и можат да предизвикаат смрт во рок од 24 часа доколку адекватно не се третираат.Најдобриот начин да се избегне на топлотна истоштеност или топлотен удар е очигледен: не излегувајте премногу на сонце и особено не околу пладне, заштитете ја главата со светла капа, избегнувајте изложување на екстремна топлина и пијте многу течности. Непишано правило е дека на возрасните им е потребно најмалку половина литар вода повеќе од вообичаеното на топли денови.

извор Дојче веле

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.