Денес на европското ракометно првенство се играат двете полуфинални средби, Шпанија-Данска и Франција – Шведска се борат за двете места во финалето.
На завршниот дел на ЕУРО, има и двајца Македонци во официјалниот дел, судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на средбата Шпанија-Данска од 18 часот.
Дуелот меѓу Франција и Шведска се игра од 20-30 часот, и двата меча со пренос на МТВ.