Најдобрите македонски судии и во последните неколку години во потесниот круг за најдобри светски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов вторпат се најдоа во делегирањето на ЕХФ за натпревар од групната фаза на Европското првенство.
Дербито за првото место во групата Д меѓу Полска и Германија им беше доделено на Николов и Начевски.
Пресметката која се игра утре со почеток од 18:00 часот ќе одлучи кој ќе патува од подобра позиција во втората фаза, бидејќи и Германија и Полска имаат по две победи.