Натпреварот меѓу АЕК и Динамо Загpеб е одложен, пишуваат грчките медиуми. На ваквата одлука влијаеја трагичните инциденти на улиците на Атина, во кои загина еден навивач (22) на АЕК.
Хулиганите од Загреб (Бед Блу Бојс) дојдоа на натпреварот и покрај забраната од УЕФА и предизвикаа хаос во населбата Нова Филаделфија, каде се наоѓа стадионот на АЕК.
На безбедносниот состанок одржан во вторникот наутро, челниците на АЕК, рекле дека одговорни за инцидентите се Динамо Загреб и грчката полиција, бидејќи според нив двете страни можеле да направат повеќе за да не се случи хаосот.
Да потсетиме, повредени се најмалку осум лица, од кои еден малолетник, а уапсени се речиси 100 навивачи. УЕФА наскоро ќе излезе со соопштение и евентуално ќе објави нов термин за натпреварот.