Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија одлучи натпреварите од 17. и 18.коло во домашноот првенство да се играт без публика. Одлуката е донесена по парање на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика.

Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари.

Текстот Натпреварите од 17. и 18. коло ќе се играат без присуство на публика е превземен од МАКФАКС.