Синоќа во селото Волино, општина Дебрца, полицијата го приведе С.Б.(43) од истото село.
Тој, по завршување на фудбалски натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Насилство на фудбалски натпревар во Дебрца: нападнат фудбалер на гостинската екипа кој завршил во болница е превземен од МАКФАКС.