Роверот Curiosity на американската вселенска агенција НАСА фотографираше облаци на Марс. Снимките го прикажуваат движењето на облаците над Црвената Планета, а се направени со навигациската камера на роверот.
Овие снимки, меѓу другото, им помагаат на научниците околу некои важни податоци, на пр. – колку брзо се движат облаците до висината на која се наоѓаат? Научниците заклучија дека облаците се доста високи, речиси 80 километри над површината.
Поради екстремниот студ на таа височина, облаците веројатно се состојат од леден јаглерод-диоксид (ЦО2), за разлика од облаците на Земјата коишто се наоѓаат пониско и се составени од вода (Х2О) и мраз.
„Љубопитност“ веќе го потврди и присуството на глина на Марс, а најде и прастари исцедени оази. Роверот беше лансиран во ноември 2011 година и сè уште е во функција.