Италијански Наполи одигра само реми против Верона 1-1 и со тоа му дозволи на Милан да го премине на табелата доколку победи вечерва против Интер.

Од друга страна, Лацио беше сигурен дома и со 3-0 ја победи Салернитана.Симеоне ги израдува гостите во 13. минута од натпреварот, додека пет минути подоцна Ди Лоренцо погоди за 1-1.

Во вториот дел имаше по неколку шанси на двете страни, а македонскиот репрезентативе Елиф Елмас доби шанса од 62. минута, но сепак резултатот не се менуваше.

Лацио немаше проблеми против Салернитана, па уште во првото полувреме постигна два гола преку Имобиле и Педро, додека триумфот го потврди Алберто во 69. минута.