Човекот кoj избоде шест лица во Сиднеј во минатото имал проблеми со менталното здравје и нема индикации дека идеологијата била мотив за нападот во еден од најпрометните трговски центри во градот, соопшти соопшти денеска полицијата, пренесува Ројтерс.
Напаѓачот, идентификуван од полицијата како 40-годишниот Џоел Каучи, и бил познат на полицијата во соседната држава Квинсленд, а полицијата разговарала со неговото семејство по нападот во саботата, според полицијата од Нов Јужен Велс и од Квинсленд.
Семејството на Каучи го препознало и ја контактирало полицијата во саботата откако ги видело извештаите за убиствата.
Тој смртно избоде шест лица и повреди најмалку 12 лица пред да биде застрелан од инспекторката Ејми Скот.
Некои купувачи и вработени во трговскиот центар на истокот на Сиднеј се обидоа да го спречат, а толпата беше засолната во затворени продавници.
На Каучи му биле дијагностицирани проблеми со менталното здравје кога имал 17 години и често бил во контакт со полицијата во последните четири до пет години, рече полицаецот Лоу во Квинленд. Каучи не бил уапсен или обвинет за какви било злосторства во Квинсленд, додаде тој.
Каучи водел номадски начин на живот, неодамна спиел во својот автомобил и ретко бил во контакт со мајка си преку СМС пораки, рече Лоу.
Нападите како што се случија во саботата се ретки во Австралија, земја со околу 26 милиони жители со некои од најстрогите закони за оружје и нож во светот.
Каучи неодамна се преселил во Сиднеј. Полицијата соопшти дека го пребарала малото складиште што тој го изнајмил, но не пронашле големи докази кои укажуваат на нападот.
Пет од шестмината убиени се жени, а машката жртва е чувар на трговски центар, соопшти полицијата.
Меѓу оние кои биле пренесени во болница со убодни рани има и деветмесечно бебе, кое било во сериозна, но стабилна состојба, соопшти полицијата во неделата. Мајката на бебето, Ешли Гуд, почина во болница од здобиените повреди, се вели во соопштението на нејзиното семејство.
М. П.