Четворица ранети во масакрот на Цетиње се во операционите сали во Клиничкиот центар во Подгорица. Ова во изјава за „РТЦГ“ го потврди дежурниот лекар.
„Во последните два часа во клиничкиот центар се донесени четворица пациенти, една жена и тројца машки. Повредите на сите пациенти се многу сериозни и опасни по живот. Кај еден пациент имаме повреди на главата, градниот кош и стомачниот дел. Кај два пациенти, имаме повреди на абдоменот и кај еден пациент имаме повреда на градниот кош и на стомакот“, рече тој и продолжи:
„Тие се во операционата сала. Мобилизирани се сите лекари. Како и дежурниот практикант, се јавија и другите колеги. Ангажирана е целата екипа, сега работат сите четири операциони сали, неврохирургот, васкуларниот хирург и уролозите се вклучени, па во моментов не би можел да коментирам за исходот од операцијата“.
Текстот Напаѓачот ги застрелал жртвите во главата, градите и стомакот: позната е состојбата на повредените во масакрот во Цетиње е превземен од МАКФАКС.