Едно дете загина, наставник и шест ученици се повредени во напад со нож што се случи утринава во основното училиште „Пречко“ во Загреб.

Полицијата потврди дека напаѓачот е 19-годишен маж и дека е приведен.

Во Дневникот на ХРТ беше објавено дека децата кои го напуштале појадокот виделе крв во ходникот и млад човек како тепа момче.

Почнале да бегаат, настанала паника.

Младиот човек потоа влегол во првиот час на кој наишол. Таму најверојатно избодел неколку студенти.

После тоа истрчал од училиште и побегнал во блискиот Здравствен дом, каде се заклучил во тоалетот и се обидел да се самоубие, дознава ХРТ, што полицијата го спречила.

Според информациите од местото на настанот, напаѓачот бил облечен во црно.

Текстот Напаѓачот во Загреб бил облечен во црно, претепал момче во ходникот, а потоа влегол кај одделението е превземен од МАКФАКС.