Четири лица се ранети, од кои еден е во критична состојба, како резултат на напад со нож во провинцијата Бускеруд на истокот на Норвешка, објави јавниот телевизиски сервис NRK повикувајќи се на локалната полиција.
„Четири лица се здобија со повреди нанесени од нож во Нумедале (провинцијата Бускеруд), еден од нив се наоѓа во критична состојба“, се наведува во цитиранта информација.
Во прилогот се истакнува дека на местото на нападот беднаш била испратена засилена полициска патрола, а ситуацијата се смеата за „тековно насилство опасно по животот“.
Освен инфорамцијата дека осомничен за нападот бил приведен, нема информации за мотивите и други поединости.