16-годишно момче денеска е уапсено во градот Храдец Кралова во Чешка, под сомнение дека во трговски центар избол две жени продавачки и им нанел смртоносни повреди.

Нападот се случил нешто по 8:30 часот во продавница во трговскиот центар. Едната од продавачките била избодена со нож во делот за клиентите, додека другата била нападната во делот за персоналот. Полицијата на местото на настанот го пронашла ножот со кој е извршено делото. Според портпаролката, сечилото за кое станува збор е долго околу 20 сантиметри.

Мотивот за нападот се уште не е познат. Како што потврдија од полицијата, малолетник на само 16 години е уапсен на околу километар од местото на нападот под сомнение дека извршил убиство. Тој е чешки државјанин.

„Тој беше уапсен десетина минути откако го добивме повикот“, соопшти полицијата.

Идентитетот на жртвите не е соопштен, а не се познати ниту возраста на починатите жени. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Лекарите од итната медицинска помош констатирале дека обидот за реанимација траел околу 40 минути, но ништо не можело да се направи за жените.

Текстот Напад во трговски центар во Чешка: малолетник со нож уби две лица е превземен од МАКФАКС.