Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, се огласил за „Фокс њуз со остра порака за Украина.

Ројтерс објави дека тој рекол дека Украина треба „да го намали тонот, добро да размисли и да го потпише договорот“ во кој САД бараат 500 милијарди долари од рудното богатство на Украина.

Мајк Волц рече дека отпорот на Украина кон договорот и начинот на кој Трамп води „мировни преговори“ е едноставно неприфатлив, имајќи предвид се што направија САД за Украина, според написите во светските медиуми.

Сепак, тој инсистирал на тоа дека овие разлики во ставовите може да се помират бидејќи „претседателот исто така кажа колку го сака украинскиот народ“.

Тој ги негираше тврдењата дека не биле консултирани сојузниците на САД и Украина.

„За ова постои термин во дипломатијата. Тоа се нарекува шатл-дипломатија, бидејќи носењето на сите на маса одеднаш едноставно не функционираше во минатото“, рекол тој.

Текстот „Намали го тонот и потпиши го договорот“: порака на советникот на Трамп до Украина е превземен од МАКФАКС.