Околу 1,33 милиони луѓе од Украина пребегале во Полска по руската инвазија на Украина, соопшти полската гранична стража.
Во твит во средата, Агенцијата вели дека од оние кои влегле во Полска, 93% се украински државјани, 1% се полски и 6% се државјани на околу 100 други нации.
Агенцијата вели дека само во вторникот границата ја минале 125 800 луѓе, што е помалку од дневниот рекорд од 142 300 во неделата.
До седум часот по средноевропско време денеска, 33 500 луѓе од Украина ја поминале границата.
Во Полска веќе живеат многу Украинци – проценките се движат меѓу еден и два милиони луѓе – и многумина од бегалците одат кај семејствата или пријателите таму.
Илјадници Полјаци ги отворија своите домови за бегалците.
Првиот човек на Комесаријатот за бегалци на ОН, Филипо Гроси изнесе загрижувачка оценка дека ова ќе биде масовен егзодус и најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна.