Тројца мажи се уапсени во Валенсија, а четворица во Мадрид поради бизарноста што ја приредија уште во јануари, соопшти шпанската полицијата. Уапсените на расна основа го наредувале фудбалерот на Реал Мадрид, Винисусис Жуниор. Виниус, во неделата, го навредуваа на расна основа на „Местаља“ во Валенсија.
Четворицата кои „паднаа“ во Мадрид се навивачи на Атлетико. Тие во јануари закачија кукла во дресот на Винисусис на еден од надвозниците во близина на тренинг центарот на Реал Мадрид. Беа потребни пет месеци тие да бидат уапсени. Апсењата се направени по вревата што се крена во Шпанија и Европа по натпреварот помеѓу Валенсија и Реал на кој бразилски фудбалер претрпе тешки расистички навреди.
Поради овој скандал се огласи и претседателот на Бразил, Луис Игнасио Лула да Силва, кој изрази загриженост за Винисиус, кој во Шпанија е на мета на хулигани речиси на секое гостување. По секој таков инцидент, Винисиус ја критикуваше Шпанија, со зборовите дека државата бавно реагира, а по последните навреди во Валнесија напиша дека „Шпанија е расиситичка земја“.
Во вторникот на социјалните мрежи фудбалерот објави компилација од навредите кои ги претрпел оваа сезона. Сите уапсени се на возраст од 19 до 24 години./Makfax/