Навивачот на англискиот фудбалски клуб Манчестер сити, кој беше нападнат на пат кон својот дом на враќање од натпреварот против Клуб Бриж во Лигата на шампиони одигран неделава во Белгија, е во стабилна состојба, но сè уште е во кома, соопшти денеска Обвинителството.
Сити во вторникот го совлада Бриж на гостински терен со 5-1, а по натпреварот се случи инцидент кога 63-годишен белгиски навивач на Сити беше физички нападнат на паркинг од пет лица и поради сериозни повреди веднаш беше пренесен во болница.
Еден од осомничените напаѓачи е обвинет за кражба со тешко насилство, еден за нанесување тешки телесни повреди, а сите петмина се обвинети за небрежност.
Петмината напаѓачи денеска беа изведени во судот во Гент.
Тројца од нив се пуштени под строг надзор, вклучувајќи и забрана за посета на фудбалски натпревари, додека двајца останаа притвор.
Белгиско Обвинителство соопшти дека повредениот навивач „има повреди опасни по живот“.