Најжестоките навивачи на Валенсија најавија дека нема да го поддржат тимот на натпреварот против Реал Мадрид во петок, во знак на протест против сопственикот на клубот Питер Лим.
Навивачите на еден од најголемите шпански клубови долги години се противат на политиката на Лим. Него го обвиниваат што Валенсија од редовен учесник во Лигата на шампионите стана просечен тим кој сезонава се бори за опстанок.
Најавата дека нема да дојдат на стадионот на натпреварот против Реал Мадрид е само уште еден вид од нивната борба против челниците на клубот.
Инаку, ова е одложен натпревар од 12.коло, кој не се одигра во октомври поради разорните поплави кои ја погодија Валенсија и околината.
Карлос Корберан ќе дебитира на клупата на Валенсија. Тренерот пристигна од таборот на ВБА со само една задача, да го спаси клубот од најлошото сценарио.
Валенсија моментално е претпоследна на табелата со само две победи од 12 натпревари.
Навивачката група „Либертад ВЦФ“, која стои зад протестот против управата и Лим, ги обвинува челниците што парите од продажбата на играчи не ги вложуваат во засилувања, како и за честите смени на тренери. Оваа група исто така тврди дека Лим се обидува да го продаде стадионот на „Местаља“, во соработка со градските власти.
Лим е на чело на клубот од 2014 година, а во последните години навивачите организираа низа протести и акции против него за да го принудат да ја напушти Валенсија.
Текстот Навивачката група на Валенсија ќе го бојкотира мечот со Реал е превземен од МАКФАКС.