Поразот од Лестер предизвика излив на гнев и барање за итни промени од управата на Јунајтед, од страна на навивачите на „Ѓаволите“.

По првичните најави дека можно е Солскјер да заработи отказ уште утре, островските медиуми конкретно „Дејли Меил“ тврди дека во управата на Манчестер Јунајтед се уште веруваат дека Солскјер е правилниот избор за менаџер.

Манчестер Јунајтед на последните пет натпревари во сите конкуренции има три пораи едно реми и победа над Виљареал во ЛШ.

Следен предизвик за Солскјер и Јунајтед е пресметката со Аталанта во ЛШ во среда, по што следуваат дуелите со Ливерпул и Тотенхем во Премиер лигата.

Ако до крајот на овој месец, Солскјер не најде брзо решение за подобрување на формата и резултатите, извесно е дека трпението кај управата на клубот ќе заврши.