Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска изјави дека судот ја отфрлил тужбата против затворот во кој тој почина, бидејќи, според неа, тоа би значело објавување на видео-снимката и други информации за околностите на неговата смрт.
Навални на платформата Икс (Твитер) напиша дека верува дека случајот е затворен, бидејќи во спротивно ќе ги принуди затворските власти да дадат детални информации за тоа што се случило на 16 февруари, кога починал нејзиниот покоен сопруг, пренесува МИА.
Претходно денеска поранешниот помошник на Навални, Иван Жданов, изјави дека тужбата на мајката на починатиот руски опозиционер, во која се наведува дека тој не добил соодветна медицинска помош во затворот каде ја отслужувал казната и починал, е одбиена, бидејќи Навални лично не поднел жалба.
Жданов рече дека судот во малиот град Лабитнанги, во близина на затворот во кој почина Навални, ја отфрлил тужбата со образложение дека обвинител мора да биде самиот Навални.
Руските затворски власти соопштија дека 47-годишниот Навални се онесвестил и починал на 16 февруари откако прошетал пред затворот каде што издржувал тридецениска казна. Тимот на Навални подоцна објави дека во неговата смртна потврда е наведено дека тој починал од природна смрт.