Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој откако е отруен, нападнат и затворен без соодветна медицинска грижа, сега секое утро е принуден да го слуша песни за рускиот претседател Владимир Путин во затворот околу 60 километри од Арктичкиот круг.
Навални тврди дека секое утро во пет часот мора да ја слуша руската химна, а потоа песната „Ја рускиј“ (Јас сум Русин), патриотска ултранационалистичка песна од Јарослав Дронов познат како Шаман.
Навални (47) осуден е на затворска казна до 74-годишна возраст, неговото движење е забрането, а повеќето негови главни поддржувачи избегаа во странство.