Тренерот на Рома, Жозе Мурињо на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот против Витесe во Конференциската лига, посочи дека квалитетот на теренот на холандскиот клуб, е многу лош, изразувајќи изненадување како останал во таква состојба.
„Секој детал е важен. Групата е комплетирана и недостасува само Спинацола. Теренот не е фудбалско игралиште. Доаѓам овде повеќе од 20 години и терениве секогаш биле убави. Не разбирам како да играм.
Се потпирам на оние кои работат добро и сега сите се во добра форма. Против Аталанта беше еден од ретките натпревари каде направивме 5 измени. Сега имаме обединет тим и соодветна клупа. Секој натпревар е клучен за нас. Јас сум со моите играчи. Ќе играме со силен тим и клупа,“ изјави Мурињо.