„Ел Национал“ тврди дека Жозе Мурињо сака во Рома да го донесе Дани Себаљос.
Мурињо очајно посакува да ја зголеми конкуренцијата во Рома, Португалецот повеќе пати се пожали дека нема доволен фонд на квалитетни играчи, па мора да се потпира цело време на исти фудбалери.
Се очекувуа уште во јануари Мурињо да добие ново засилување, а информациите велат дека едно од нив може да биде Себаљос.
Тој се врати во Реал Мадрид по две сезони на позајмица во Арсенал, но се очекува да биде продаден.
Наводно цената на Себаљос е 20 милиони евра, интерес има и од Бетис, но се верува дека Рома е во подобра позиција.