Жозе Мурињо, тренерот на Рома, смета дека судијата Даниеле Чифи не им дозволил на неговите играчи да победата. Мурињо рече дека Чифи е „најлошиот судија што го видел“.
„Ова е најлошиот судија со кој сум се соочил во кариерата. Верувајте ми, тоа е вистина, а сум видел многу, многу лоши судии“, изјави Мурињо.
„Обично кога зборувам за судиите тоа е затоа што тие имаат директно влијание врз играта. Во овој случај не е така. Тој е само очаен, нема емпатија не сака да слуша никого. Даде црвен картон на играч кој се лизна бидејќи ја загуби силата во 96. минута од натпреварот“, рече Мурињо.
Португалецот направи нешто досега невидено во светот на фудбалот. Бројните казни го принудија да носи микрофон со себе и да снима се што ќе каже во текот на натпреварот.
„Не сум глупав. Носев микрофон и снимав се, од влегување до излегување од теренот. Така се заштитив. Велат дека не победуваме кога Даниеле Орсато не суди, но јас би сакал тој да суди на секој натпревар бидејќи човекот има целосна контрола врз ситуацијата, дури и кога ќе направи грешка. Тој е мирен и не е лут. Судијата Чифи е огромен талент во лутина и тоа е се“, изјави Мурињо.
По 33 одиграни кола, Рома се наоѓа на седмото место на првенствената табела, со 58 бода, два помалку од четвртопласираниот Интер.
За само два дена, Рома, во веројатно клучниот меч во сезоната ќе го пречека Интер на „Олимпико“.