Фудбалерите на Мајорка го совладаа Еспањол со 2:1 (0:0) во 28. коло од шпанската Ла Лига.

Еспањол поведе како гостин во 53. минута. Ведат Муриќи со автогол му донесе предност на Еспањол.

Само 10 минути подоцна Муриќ можеше да ја исправи грешката, но во 63. минута промаши пенал за израмнување.

Само 120 секунди подоцна, Такума Асано сепак успеа да го изедначи резултатот. Се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат се до судиското надополнување.

Се играше 97. минута кога Муриќ конечно успеа да ги поправи сите грешки од овој меч, бидејќи овојпат искористи пенал и и донесе победа на Мајорка.

Текстот Муричи си даде автогол, промаши пенал, па и донсе победа на Мајорка во 97.минута е превземен од МАКФАКС.