Владата на Република Македонија на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.
Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување мна возрасни лица и лица со попреченост.
Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека спроведувањето и почитувањето на општите и посебни мерки и протоколи за заштита од Ковид 19 во предучилишните установи престануваат да важат.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.