Ако сме незадоволни, лути, депресивни – тоа е знак, но и предупредување дека некаде грешиме и треба да побараме помош. Ако го игнорираме предупредувањето, болката ќе стане посилна.
Често за да ги умртвиме нашите чувства на физичко, емоционално или ментално ниво, се вртиме кон седативи за смирување. Проблемите на другите луѓе секогаш полесно ги согледуваме, бидејќи сами ретко забележуваме каде правиме грешки.
Реики е вештина која нѝ помага енергетски да воочиме дека постои проблем, потоа можеме да лоцираме каде се повредите, каде е причината, какви се и кои се последиците и на кои начин можеме да си помогнеме себеси во лекувањето.
Секој од нас, како што ја добива енергијата, така ја и пренесува, свесно или несвесно од средината во која и да е. Всушност, сè што даваме назад нѝ се враќа.
Започната универзална животна енергија тече низ нашите мали чакри на нашите дланки и стапалата. Со положување на дланките на делови од нашето тело доаѓа до напојување на нашиот ум и тело со оптимална животна енергија, излекување, балансирање на нашите енергетски системи и зајакнување на механизмите за одбрана, што резултира со подобрување на сеопфатни аспекти на нашите животи.
Ова го вклучува самотретманот на првото ниво и исцелување на другите и себеси во следните нивоа почнувајќи од второто. Исто така, можеме да лекуваме и животни и нашата животна средина.
Подарок на овој процес е можноста за повторна хармонија со себеси и околината што нè воведува во мир и спокојство. Исто така, учењето кое го дава реики нѝ помага подобро да го разбереме животот и сето она што го сочинува.
Умот е центар на нашите животни функции и како што се вели “Ние сме она што јадеме” на физичко ниво, исто така, е и “ние сме она што го мислиме ” на ментален, емоционален и енергетски план! Тоа значи дека мислите кои ги проектираме и емоционалните реакции кои тие ги предизвикуваат, делуваат на структурата на нашиот ум. Нашето тело, а и нашиот живот се одраз на нашиот ум.