Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му го честиташе роденденот на рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи дека благодарение на неговото лидерство, Русија го предводи градењето на нов, мултиполарен свет.

„Мој најдраг пријателе, Владимир Путин, ви испраќам најискрени и најтопли честитки по повод овој важен роденден. Благодарение на вашето мудро лидерство и патриотска посветеност, Руската Федерација денес ја покажува својата слава како глобална сила со моќен политички систем и силна државна моќ, како моќна држава која го предводи градењето на нов, мултиполарен свет“, се наведува во пораката, пренесува РИА Новости.

Ким Џонг-ун додаде дека благодарение на Путин, Русија успешно ги брани своите интереси и постигнува моќ и просперитет.

Текстот „Мој најдраг пријателе“- Ким Џонг-ун му го честиташе роденденот на Путин е превземен од МАКФАКС.