Тиаго Мота ќе добие отказ од Јувентус, а неговото место барем до крајот на сезоната ќе го заземе Роберто Манчини.

„Газета дело Спорт“, денеска открива дека натпреварот против Џенова најверојатно ќе биде последен за Мота на клупата на Јувентус. Очигледно тешките порази од Аталанта и Фиорентина беа доволни клупските челници да го сменат Мота. Во исто време „Калчомеркато“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека на играчите не им е јасно како Мота се уште е во клубот, по поразите од Аталанта и Фиорентина.

Роберто Манчини е избор на челниците на „страта дама“, тренер кој најголемите успеси ги постигна на клупата на најголемиот ривал Интер. Манчини го водеше Интер во два наврати, од 2004 до 2008 година, кога беше далеку поуспешен, освојувајќи три скудета, додека во периодот од 2014 до 2016 година не освои ниту еден трофеј.

Тој во 2012 година ја освои и титулата во Премиер лигата со Манчестер сити, пет години беше селектор на Италија, а и на Саудиска Арабија, но таа функција ја напушти есента, по година и половина.

Италијанските медиуми откриваат и дека Манчини се согласил во договорот да има клаузула, дека ќе го продолжи договорот доколку Јувентус заврши во топ 4.

Јувентус моментално е петти на табелата со 52 бода, Болоња е четврта со 53.

Текстот Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини е превземен од МАКФАКС.