Московскиот суд ја казни Викимедија со 5 милиони рубли(88.000 американски долари) затоа што одбиле да го отстранат од написите на руски она што го сметаат за дезинформација. Меѓу нив се „Руската инвазија на Украина“, „Воени злосторства за време на руската инвазија на Украина“ и „Масакрот во Буча“.
„Оваа одлука имплицира дека оригиналните, проверени информации на Википедија кои не се во согласност со ставот на руската влада се дезинформации“, рече Стивен ЛаПорте, помошник главен советник во Фондацијата Викимедија, според Скај њуз.
Advertisements
Википедија е еден од ретките преостанати главни извори на информации на руски јазик за Русите по затворањето на многу медиуми во Москва.