Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта спречило обид за напад на окупираниот полуостров Крим со 42 беспилотни летала. За потенцијалниот напад, Москва ја обвини Украина.
Министерството соопшти дека руските противвоздушни сили собориле девет од беспилотните летала, а онеспособени и уништени биле и преостанатите 33 дрона пред да стигнат до нивната „цел“.
Руските власти, исто така, соопштија дека собориле и ракета лансирана од Украина над регионот Калуга кој се граничи со регионот на Москва. Во меѓувреме, руските аеродроми привремено ги прекинаа летовите, но официјална Москва не даде информации за евентуални жртви или материјална штета.
Ова следува еден ден откако Украина тврдеше оти нејзините војници накратко слетале на полуостровот Крим за време на „специјална операција“ на Денот на независноста на земјата.
Украина засега не го коментираше инцидентот.